а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разреди

разредуваат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Зголеми растојание меѓу одделни лица или предмети.
Англиски: disperse Албански: përndaj
Примери:
Му заповедал да ги разреди децата.
2. Со додавање течност направи да стане поредок.
Англиски: dilute Албански: holloj
Примери:
Разреди ја уште малку бојата.
3. За воздух или некој гас - направи да стане поредок.
Англиски: thin out Албански: rralloj
Примери:
Го разреди воздухот.
4. (се разреди) Застане на поголемо растојание еден од друг.
Англиски: disperse Албански: përndaj
Примери:
Ќе се разредат на по еден чекор.
5. (се разреди) Стане поредок.
Англиски: rarefy Албански: rralloj
Примери:
Воздухот тешко се разреди.
6. Расипе нешто што е уредено.
Англиски: disorder Албански: dëmtoj
Примери:
Што правиме со тебе: јас ќе наредам, ти ќе разредиш.