dirty - онтологија

бербат повеќе

Вид збор: Придавка
нечист, валкан
Турски: berbat
Употреба: Архаизам , Неменлив збор

бербатен повеќе

Види и: бербат (прид.)
бербатниот
Вид збор: Придавка
нечист, валкан
Турски: berbat
Примери:
Со бербатни прсти мешаше во ваганот.

брбешкав повеќе

брбешкавиот
Вид збор: Придавка
Што се брбешка, и станал нечист.
Примери:
Тој е секогаш брбешкав.

валкан повеќе

валкани
Вид збор: Придавка
Што е нечист.
Примери:
Валкан чаршаф.
нечесна работа
Примери:
Валкани игри.

избербатен повеќе

избербатениот
Вид збор: Придавка
Што е нечист, валкан.
Турски: berbat
Примери:
избербатени сокачиња, избербатени раце

извалкан повеќе

Вид збор: Придавка
нечист
Примери:
извалкана кошула

кашкав повеќе

кашкавиот
Вид збор: Придавка
Што е каллив, валкан, нечист.
Примери:
Работеше во дворот и облеката му беше кашкава.

кирлив повеќе

кирливиот
Вид збор: Придавка
Што е нечист, валкан.
Употреба: Разговорно
Примери:
кирлива чалма

неисчистен повеќе

неисчистениот
Вид збор: Придавка
Што не е исчистен.
Примери:
Огнот настанал поради неисчистен оџак.

непран повеќе

непраниот
Вид збор: Придавка
Што не е испран.
Примери:
Непрани алишта.

нечист повеќе

несчисти
Вид збор: Придавка
Што не е според општоприфатените морални или законски норми.
Примери:
нечиста работа, нечиста заработувачка

пис повеќе

Вид збор: Придавка
нечист
Турски: pis
Употреба: Дијалектен збор , Неменлив збор
Примери:
пис жена

поган повеќе

поганиот
Вид збор: Придавка
нечист
Примери:
Се прашуваше каков ќе го најде, чист или поган.

скрнав повеќе

Вид збор: Придавка
нечист, валкан, гнасен
Употреба: Дијалектен збор