disgust - онтологија

вџасеност повеќе

Види и: вџашеност (ж.)
вџасеноста
Вид збор: Именка, женски род
Згрозеност, шокираност.
Албански: neveri, indinjatë

гадење повеќе

Види и: гади (несв.)
(едн.) гадењето
Вид збор: Именка, среден род
одвратност, одбивност
Примери:
Ја тргна главата со гадење.

гади повеќе

(се) гадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува гнасење, одвратност, одбивност кон нешто.
Албански: gërditje, neveri
Примери:
Луѓето се гадеа од нечистотијата што ја затекнаа во таа просторија.

гнас повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Само во изрази - одвратно, гадно.
Примери:
Ми е гнас.

гнаси повеќе

гнасат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се гнаси) се гади
Албански: gërditem
Примери:
Се гнасам од моиве нечисти раце.

гнасотилак повеќе

мн. гнасотилаци
Вид збор: Именка, машки род
одвратно, гадно
Албански: neveri, ndyrësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Направи такви гнасотилаци што веќе никој неќе да ја погледне.

грози повеќе

грозат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се грози) Чувствува гроза, одвратност, гадење.
Албански: neveri
Примери:
Се грозеше од самиот себеси.

загади повеќе

загадат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му... се загади) згади
Албански: fëlliq
Употреба: Безлично

згади повеќе

(се) згадат
Вид збор: Глагол, свршен
се гади
Албански: gërditem
Примери:
Таа се згади од бубачката.
(ми, ти, му...) се гади
Албански: neverit, gërdit
Употреба: Безлично
Примери:
Одеднаш и се згади јадењето.

згрозеност повеќе

Види и: згрози (св.)
(едн.) згрозеноста
Вид збор: Именка, женски род
згаденост, запрепастеност, одвратност
Примери:
Затоа и ме зачуди соопштението во кое се искажува згрозеност од пресметката со новинарите.

згрози повеќе

(се) згрозат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува одвратност, гадење.
Албански: neveri
Примери:
Тој ја презре намерата и се згрози.
Ми (ти, му ...) стане лошо.
Албански: bëhet keq
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се згрози од крвавите сцени во филмот.

огнаси повеќе

Види и: гнаси (несв.)
огнасат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огнаси) Се згнаси од нешто, осети гнасење.
Албански: indinjoj
Примери:
Се огнаси од нејзиниот лошотилак.

одврати повеќе

одвратат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одврати) Ми (ти, му...) се згади, почувствува одвратност.
Албански: neveri
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се одврати од мирисот што доаѓаше од кујната.

скомраз повеќе

мн. скомрази
Вид збор: Именка, машки род
одвратност, грозотија
Употреба: Разговорно
Примери:
Скомраз му е.

ужаси повеќе

ужасат
Вид збор: Глагол, свршен
(се ужаси) Стане опфатен од ужас.
Албански: tmeroj, indinjoj
Примери:
Се ужаси од глетката пред него.

ужасне повеќе

Види и: ужаси (св.)
ужаснат
Вид збор: Глагол, свршен
(се ужасне) се ужаси
Употреба: Деминутив

ужасува повеќе

Види и: ужаси (св.)
ужасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
згрозува
Албански: tmeroj, trishtoj
(се ужасува) се згрозува
Албански: tmeroj, trishtoj