одврати
одвратат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3811
1.
Направи вратка, возврати на ист, соодветен начин на нешто направено од некого.
Примери:
Ако ме удриш, ќе ти одвратам.
На насмевката му одврати со насмевка.
Слично со:
возврати (св.)
2.
Врати со одговор, одговори на нешто кажано од некого.
Примери:
Јас го поздравив, а тој ми одврати со пцости.
Старецот одврати со спокоен глас.
Вистина е – одврати девојката.
Слично со:
одговори (св.)
3.
Оттргне од некаква намера, работа, наговори некого да не прави нешто што навикнал или намислил да го прави.
Примери:
Таа ме одврати од намерата да заминам.
Одвај го одвративме синот од женидба.
Спротивно од:
наговори (св.)
4.
Одвои, оддалечи од некого или од нешто.
Примери:
Тој ме одврати од децата.
Таа го одврати од другарите.
Сакаше да го одврати од лошите мисли.
5.
Заврти, сврти настрана од определениот правец, насочи кон нешто друго.
Примери:
Го одврати лицето настрана, да не гледа во болниот.
Го одврати погледот од прозорецот и се замисли.
Ми го одврати вниманието од работата.
6.
За вода - одбие, сврти, промени тек.
Примери:
Воденичарот ја одврати водата од воденицата за да го поправи мелничкото тркало.
Селаните ја одвратија реката за да не им ги поплави насадите.
7.
Добие влага.
Примери:
Таа го чувала брашното во пластични кеси и тоа одврати.
8.
(се одврати) Се оттргне, се откаже од нешто.
Примери:
Тој се одврати од пијанството.
Децата се одвратија од играта.
9.
(се одврати) Ми (ти, му...) се згади, почувствува одвратност.
Примери:
Ми се одврати од мирисот што доаѓаше од кујната.
Слично со:
згади (св.)
Изведенки
1.
одвратува несв.
(се) одвратуваат
(се) одвратуваат
2.
одвратување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
одвраќа несв.
(се) одвраќаат
(се) одвраќаат
4.
одвраќање ср.
глаг. им.
глаг. им.