извитоперат
Вид збор: Глагол, свршен
Намерно преиначи некоја работа во своја корист.
Примери:
Ја извитопери вистината.
извртат
Вид збор: Глагол, свршен
Изопачи, искриви факт, смисла.
Примери:
Новинарите ги извртеле моите зборови.
изопачат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави да стане поинакво од вообичаеното, расипе, искриви, измени волоша смисла.
Албански:
mbrapshtoj, shtrembëroj
Примери:
Времето го изопачи старецот, тој стануваше чуден и поинаков.
искриват
Вид збор: Глагол, свршен
Изопачи, изврти нешто, прикаже какво што не е.
Примери:
Ја искриви вистината како што му одговараше.
искривоколчат
Вид збор: Глагол, свршен
изопачи
Примери:
Ги искривоколчила моите зборови и изнакажала лаги.
исчанчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) Искриви, изврши нешто.
Примери:
Ги исчанчи очите од изненаденост.
криват
Вид збор: Глагол, несвршен
За лице, усни - менува облик, изглед; прави гримаси.
Примери:
Го криви лицето.
Вид збор: Глагол, свршен
Изопачи, изврти нешто до одредена мера.
Примери:
Таа ги подискриви малку неговите зборови за да изгледа како што и одговараше.