dress - онтологија

вовлече повеќе

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вовлече) Се облече, се навре, се собере во нешто.
Албански: vesh
Примери:
Се вовлече во сивото палто.

дооблекува повеќе

дооблекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Облекува до крај.
Примери:
Го дооблекуваше детето.

изнаоблече повеќе

Види и: наоблече (св.)
изнаоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
Наоблече многу облека.
Албански: vesh
Примери:
Изнаоблече едни дебели џемпери.
Изнаоблече некого со многу облека.
Албански: vesh shumë
Примери:
Ги изнаоблече децата, ќе се испотат.
(се изнаоблече) се наоблече
Албански: vishem
Примери:
Се изнаоблече добро, па излезе надвор.

изоблече повеќе

Види и: облече (св.)
изоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
Облече некого добро, убаво.
Албански: vesh mirë
Примери:
Ја изоблекоа старата да не настине.

навира повеќе

Види и: навре (св.)
навираат
Вид збор: Глагол, несвршен
навре, облече
Албански: vesh, mbath

навре повеќе

наврат
Вид збор: Глагол, свршен
Облече, обуе набрзина, како било.
Албански: vesh
Примери:
Ја навре кошулата и ја напика во панталоните.

наоблече повеќе

наоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наоблече) Се облече добро, богато или премногу.
Албански: vesh mirë

облака повеќе

облакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
облекува
Употреба: Дијалектен збор

облече повеќе

облечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се облече) Се покрие со облека, стави врз себеси облека.
Албански: vesh
Примери:
Тој се облече и излезе надвор.

приоблече повеќе

Види и: облече (св.)
приоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави облека на себе, облече набрзина.
Албански: vesh
Примери:
Го приоблече џемперот и истрча низ врата.
Снабди облека во некоја мера.
Албански: vishem
Примери:
Мајката ја потроши целата заштеда да ги приоблече децата за в училиште.
(се приоблече) Се снабди со облека во некоја мера.
Албански: vishem
Примери:
Отидоа да купат дарови и да се приоблечат за свадба.