а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

облече

облечат, облечи, облечете, облеков, облекоа, облекол, облекле, (ќе) облечев, (ќе) облечеа, (ќе) облечел, облечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1230
1. Стави облека на телото.
Англиски: put on Албански: vishem
Примери:
Таа го облече новиот фустан.
Тој ја облече својата војничка униформа.
Мајката му облече џемпер на детето.
2. Снабди некого со облека.
Англиски: supply Албански: furnizoj
Примери:
Таа ја потроши целата плата за да го облече семејството.
Селаните ги облекле и ги нахраниле двајцата партизани.
3. Обвие, покрие нешто како со облека.
Англиски: clothe Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дренот ја облече својата жолта облека.
Гората облече зелена облека.
4. Даде некаква форма, облик на нешто.
Англиски: shape Албански: jap formë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Инспирацијата доаѓа во одблесоци за да ги облече околностите.
Народните умотворби, запишани по сеќавање, тој ги облекувал во свое јазично руво.
5. (се облече) Се покрие со облека, стави врз себеси облека.
Англиски: dress Албански: vesh
Примери:
Тој се облече и излезе надвор.
Таа се облече во црна облека.
6. (се облече) Се снабди со облека.
Англиски: clothe Албански: vishem
Примери:
Со тие пари сите дома се облековме.
Изведенки
1. облечува несв.
(се) облечуваат
2. облекува несв.
(се) облекуваат
3. облечување ср.
глаг. им.
4. облекување ср.
глаг. им.