dry - онтологија

засуши повеќе

Види и: суши (несв.)
засушат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане сув, да изгуби влага.
Албански: thaj
Примери:
Тој ги засуши мокрите алишта на ќумбето и пак ги облече.
Стане сув, без влага.
Албански: thahet
Примери:
Калта што ја направи дождот ќе засуши дури по една недела.
Почне нешто да суши.
Албански: thaj
Примери:
Го засуши чаршафот со пегла.
(се засуши) Се исуши, стане сув.
Албански: thahet
Примери:
Солзите ми се засушија на лицето.
(се засуши) За усни, грло - изгуби влажност.
Албански: thahet
Примери:
Усните ми се засушија од возбуда.

избрише повеќе

Види и: брише (несв.)
избришат
Вид збор: Глагол, свршен
(се избрише) се исуши
Албански: fshij
Примери:
Се избриша со крпата.

исуши повеќе

Види и: суши (несв.)
исушат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде суво.
Албански: thaj
Примери:
Овој крем ми ја исуши кожата.
(се исуши) Стане сув.
Албански: than
Примери:
Грлото му се исуши од викање.
(се исуши) За растение - овене.
Албански: than
Примери:
Се исуши цвеќето.

обрише повеќе

Види и: избрише (св.)
(се) обришат
Вид збор: Глагол, свршен
се избрише

пае повеќе

пајат
Вид збор: Глагол, несвршен
Суши, проветрува рибарска мрежа.
Албански: thaj, ter
Употреба: Дијалектен збор

подгори повеќе

подгорат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - се исуши делумно, подвене.
Албански: thahet
Примери:
Оваа година пиперот подгорел.

подзасуши повеќе

Види и: засуши (св.)
подзасушат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи донекаде сув.
Албански: thaj
Примери:
Ги подзасуши алиштата на печката.
Стане донекаде сув, изгуби влага во ограничена мера.
Албански: thaj
Примери:
По дождот огреа сонце и подзасушија вирчињата по улиците.
(се подзасуши) Се засуши малку, донекаде.
Албански: thaj
Примери:
Цвеќето во вазата се подзасуши без вода.

подисуши повеќе

Види и: исуши (св.)
подисушат
Вид збор: Глагол, свршен
Исуши малку, набрзина или само донекаде.
Албански: thaj, ter
Примери:
Подисуши ги алиштата на печката.
(се подисуши) Се исуши малку, набрзина или само донекаде, нецелосно.
Албански: thahet, teret
Примери:
Алиштата се подисушиле.

поисуши повеќе

Види и: исуши (св.)
поисушат
Вид збор: Глагол, свршен
Исуши малку или уште малку.
Албански: thaj, ter
Примери:
Таа ја поисуши косата.
(се поисуши) Се исуши малку или уште малку.
Албански: thaj, ter

посуши повеќе

Види и: суши (несв.)
посушат
Вид збор: Именка, множина
Суши некое време.
Албански: thaj, ter ca kohë
Примери:
Посуши ја косата уште малку со фенот.
(се посуши) Се суши некое време.
Албански: thahet, teret ca kohë
Примери:
Ги стави алиштата да се посушат.

потсуши повеќе

потсушат
Вид збор: Глагол, свршен
Исуши малку, донекаде.
Албански: thaj, ter pak
Примери:
Ги потсуши пелените.
(се потсуши) Се исуши малку, донекаде.
Албански: thahem, terem pak
Примери:
Цвеќето се потсуши на врвот.

сув повеќе

суви
Вид збор: Придавка
Кој не е натопен, мокар.
Албански: i thatë, i tharë
Примери:
Останав сув.
Кој не е влажен.
Албански: i thatë, i tharë
Примери:
Суво ми е грлото (устата).
Кој останал без вода.
Албански: i thatë, i tharë
Примери:
сув дол
Кој нема воопшто или има недоволно влажност.
Албански: i thatë, i tharë
Примери:
сув ветер
За време во кое нема доволно количество врнежи.
Албански: e thatë, i tharë
Примери:
сува година
Кој дејствува или се произведува при отсуство на влага.
Албански: i thatë, i tharë
Употреба: Технологија
Примери:
Сув галвански елемент.
без плунка, без шлајм
Албански: i thatë, i tharë
Употреба: Медицина
Примери:
сува кашлица
Кој не е мрсен.
Албански: i thatë, i tharë
Примери:
сува кожа
Лишен од душевна топлина, непречеклив.
Албански: i tharët
Употреба: Преносно значење
Примери:
сув одговор

сувее повеќе

сувеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува сув.

сувикав повеќе

Види и: сув (прид.)
сувикавиот
Вид збор: Придавка
Што е сосема сув.
Примери:
сувикава и неплодна почва

сувичок повеќе

Види и: сув (прид.)
сувички
Вид збор: Придавка
(за предмет) Доста, прилично сув.
Употреба: Деминутив

суво повеќе

Вид збор: Прилог
Што не е водено, мокро, влажно.
Примери:
Суво ли е или водено?
Што е без врнежи.
Примери:
Брзаа да ги свршат работите по полето додека беше уште суво.
непречекливо, нељубезно, здржано
Примери:
Претседателот ги пречека суво во својот кабинет.
без живост, без изразност
Примери:
Целата книга беше напишана суво и неинтересно.

суво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што нема кал, вода и сл.
Албански: thatësi
Примери:
Вистина студеше, ама бевме барем на суво.

сушен повеќе

сушени
Вид збор: Придавка
За време на кој нема или има недоволно врнежи.
Албански: i thatë, i tharë
Употреба: Екологија
Примери:
сушна година
Над кој се ретки врнежите.
Албански: i thatë, i tharë
Употреба: Географија
Примери:
Сушен предел.

суши повеќе

сушат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто водено, влажно, сурово да стане суво; одведува вода.
Албански: thaj, teri
Примери:
Ги испра кошулите и сега ги суши.
(само во 3 л.) Прави нешто да стане премногу суво.
Албански: terë
Примери:
Ветрот ми ја суши кожата.
(се суши, само во 3 л.) За нешто водено, влажно, сурово: станува суво.
Албански: thahet, teret
Примери:
Дрвата се сушеа од жешкото сонце.