воден
водени
Вид збор: Придавка
Ранг: 2937
1.
Што е придружуван, насочуван од некого во движењето.
Англиски:
led
Албански:
i drejtuar
Се шетаа подгрбавени старици, водени од внучињата.
Поминаа изврзани мажи водени од по тројца сејмени.
Слично со:
придружен (прид.)
2.
Што е предводен од некого.
Англиски:
led
Албански:
i udhëhequr
Воден од револуционерите, нашиот народ се бореше за слобода.
Ќе умреме за татковината водени од твојата рака.
3.
Што е раководен, поттикнат од нешто.
Англиски:
led
Албански:
i udhëhequr, i nxitur
Не ги напишал тие зборови воден од очекуваната скромност.
Слично со:
раководен (прид.)
4.
Што е определен од нешто.
Англиски:
led
Албански:
i përcaktuar
Ги слушаше неговите вешто водени уверувања.
Слично со:
определен (прид.)
5.
Што е мокар, влажен, накиснат.
Примери:
воден жиг
водени камења
водена кошула
водена земја
6.
Што се однесува на вода.
Примери:
воден спорт
водни граници
водна стихија
воден сообраќај
водна заедница