either - онтологија

а повеќе

Вид збор: Сврзник
(а...а) За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива.
Примери:
А удолу, а угоре, исто ми се фаќа.

ели повеќе

Вид збор: Сврзник
или
Употреба: Архаизам
Примери:
Ели ме сакај ели ме оставај.

ем повеќе

Вид збор: Сврзник
Разделен, повторен; и...и.
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа ем е лоша ем е грда.

или повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен сврзник, како алтернатива; или...или; ја...ја.
Примери:
Сега мора да реши или јас или тој, тука е крајот.

ја повеќе

Вид збор: Сврзник
Разделен, повторен, за поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; а...а; де...де.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја ќе стане, ја ќе седне.

јали повеќе

Вид збор: Сврзник
(и јали... јали) или