Разговорно - категорија

ебиветер повеќе

мн. ебиветри
Вид збор: Именка, машки род
апаш, денгуба
Англиски: crook
Примери:
Ќе направам пуздер пред јавноста од тој ебиветер и неранимајко.

егзекуција повеќе

мн. егзекуции
Вид збор: Именка, женски род
уништување
Англиски: destruction Албански: rrënim
Примери:
Тоа не беше ништо друго, туку егзекуција на идејата за брза и лесна заработувачка.

еглендисува повеќе

еглендисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
разговара, муабети, се разонодува
Англиски: entertain Турски: eğlenmek

егленџе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Разонодување или интересен муабет.
Англиски: entertainment Турски: eğlence

еден повеќе

Види и: еден (бр.)
Вид збор: Заменка
За потцртување, за истакнување на именката.
Англиски: some
Примери:
Имаше едни мустаќи до уши.

едепсаз повеќе

мн. едепсази
Вид збор: Именка, машки род
бесрамник, безобразник
Англиски: impertinent Турски: edepsiz

едикојси повеќе

Вид збор: Заменка
некојси
Англиски: somebody
Примери:
Имаме случаи каде што едикојси магистрирал во јули месец и веќе кон крајот на истата година ни носи докторска диплома увезена од странство.

еј повеќе

Вид збор: Извик
За повикување и привлекување внимание.
Англиски: hey
Примери:
Еј, слушај!
За потсилување на исказот.
Англиски: hey
Примери:
Еј, што сум намачена, деца!

екскомуницира повеќе

екскомуницираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исклучи, исклучува некого од некоја заедница, организација, друштво и сл.
Англиски: excommunicate Албански: ekskomunikim

експлодира повеќе

експлодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избувне, избувнува, од мирна состојба наеднаш премине, преминува во гласно изразување на силна вознемиреност, возбуда, гнев и сл.
Англиски: explode Албански: eksplodoj
Примери:
Наеднаш иследникот експлодира.

електроника повеќе

(едн.) електрониката
Вид збор: Именка, женски род
Апарати што работат со помош на некои електромагнетни процеси.
Англиски: electronic devices Албански: paisje elktronike
Примери:
Ние влеговме во еден дуќан за електроника.

ем повеќе

Вид збор: Сврзник
Составен, копулативен; и, притоа.
Англиски: and Турски: hem
Примери:
Патот беше долг ем тежок.
Разделен, повторен; и...и.
Англиски: either
Примери:
Таа ем е лоша ем е грда.

ептен повеќе

Вид збор: Прилог
сосем
Англиски: totally Турски: epten
Примери:
Здолништето и беше ептен широко.

ербап повеќе

ербапи
Вид збор: Придавка
(немен. по род) способен, вешт, важен, напернат
Англиски: capable Турски: erbap
Примери:
Ербап момче, поербап од него нема.

ербаплак повеќе

мн. ербаплаци
Вид збор: Именка, машки род
Особина на тој што е ербап.
Англиски: capability Турски: erbap
Примери:
Голем ербаплак има тоа девојче.

ербаплиски повеќе

Види и: ербап (прид.)
ербаплискиот
Вид збор: Придавка
ербап, ербаплија

еретик повеќе

мн. еретици
Вид збор: Именка, машки род
отпадник, бунтовник
Англиски: heretic Албански: eretik
Примери:
На крајот моите сопартијци станаа еретици.

есап повеќе

мн. есапи
Вид збор: Именка, машки род
сметка
Англиски: account Турски: hesap
Примери:
Не мешај ми се во мојот есап.

есапи повеќе

есапат
Вид збор: Глагол, свршен
смета, пресметува
Англиски: calculate Албански: njehsoj
Примери:
Ние есапиме дека поминале триесет и пет години од неговата смрт.
Оценува, искажува свое мислење, сопствена процена.
Англиски: value Албански: vlersoj
Примери:
Таа не го есапи за човек.
Зема предвид.
Англиски: take into account Албански: marr parasysh
Примери:
Јас не го есапам во моите работи.

еснафштина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
малограѓанштина
Англиски: petty bourgeois

еуфорија повеќе

(едн.) еуфоријата
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на радосна возбуда, претерано воодушевување.
Англиски: euphoria Албански: eufori

ешко повеќе

мн. ешковци
Вид збор: Именка, машки род
еж
Англиски: hedgehog
Примери:
Е, бре, крту - му рекол ешко, сега каква работа да фатиме?

ешта повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
апетит, волја
Англиски: appetite Турски: iştah
Примери:
Има голема ешта.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш