elderly - онтологија

пристар повеќе

пристариот
Вид збор: Придавка
Донекаде стар, стар во однос на говорителот.
Примери:
На вратата се појави пристар човек на околу педесет и пет до шеесет години, низок, подгрбавен.
Многу стар, навлезен во години.
Примери:
Ја омажија за еден пристар човек, вдовец ама богат.

стар повеќе

стари
Вид збор: Придавка
Својствен на постар човек.
Албански: moshuar
Примери:
Неговите стари очи одвај се отвораа.

старечки повеќе

старечка
Вид збор: Придавка
Што е наменет за старец или стари лица.
Примери:
старечки дом
Специфичен за старост или стари лица.
Примери:
старечка кашлица

старичок повеќе

Види и: стар (прид.)
старичка
Вид збор: Придавка
стар
Употреба: Деминутив