стар
стари
Вид збор: Придавка
Ранг: 227
1.
Кој проживеал многу години, кој достигнал старост.
Примери:
Си бил еден стар човек.
(разг.) на стари години
Од стара мајка дете.
стар волк
стар ерген
стара мома
старо аро
старо и младо
Спротивно од:
млад (прид.)
2.
Својствен на постар човек.
Примери:
Неговите стари очи одвај се отвораа.
Да ги згреам стариве коски.
3.
Само степенувано - за возраст, положба, ранг.
Примери:
Дедо му беше најстар во селото.
Како постар од нив на факултетот, тој претседаваше.
4.
Кој не одговара за нешто поради својата возраст, кој е недоволно млад за нешто.
Примери:
Оставете ме, јас сум веќе стар за тоа.
Стар е за учење.
5.
Кој се јавил или суштествува одамна, одамнешен; кој е пред некого или нешто, кој е од порано.
Англиски:
former
Албански:
i mëparshëm
Покрај модерната автострада се гледаше стариот пат.
По старата година. На старата адреса.
Стар е весников.
стар другар
Пак старата песна.
по старо(то)
стар стил, по стар стил
Стари сметки
Стариот завет
6.
Кој си го преживеал времето, одживеан, застарен; кој се наоѓа одамна во употреба.
Англиски:
old-fashioned
Албански:
i modës së vjetër
стари погледи
Стар метод на работа.
стара мода
стар учебник
7.
Кој се однесува на подалечно време, некогашен.
Примери:
во стариот век
старата литература
старите писатели
Слично со:
древен (прид.)
9.
Кој има долг опит.
Англиски:
experienced
Албански:
me përvoj
Тој е стар борец.
стар мајстор
стар партизан
Слично со:
опитен (прид.)
10.
износен, ветов
Англиски:
worn-out
Албански:
rasskapitur
Ја облече старата кошула.
стар костум
Слично со:
ветов (прид.)
Изрази
(посл.) Смртта не гледа стар ли е, млад ли е.
(посл.) Стариот пен посилно гори.
(посл.) Нов бунар копај, на стариот не плукај.
(посл.) Стар пријател и старо вино не пуштај.
(посл.) Стариот пријател е поарен од двајца нови.
(грубо.) Старо аро - дрт, дртав човек.