encourage - онтологија

бодри повеќе

бодрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поттикнува на некаква позитивна активност.
Примери:
Швајцарците несебично ќе го бодрат својот шампион.

изнакани повеќе

Види и: накани (св.)
изнаканат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнакани) Се накани да направи нешто, се натера себеси да направи нешто.
Албански: inkurajoj
Примери:
Едвај се накани да оди на лекар.

куражи повеќе

куражат
Вид збор: Глагол, несвршен
Храбри, бодри некого.
Албански: kurajoj, trimëroj
Примери:
Ме куражеше, ми даваше сила.

насрчи повеќе

насрчат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне, охрабри некого.
Примери:
Секогаш беше готов да ја помогне и да ја насрчи групата талентирани млади соработници.

обнадежи повеќе

обнадежат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, влее надеж некому, охрабри некого.
Примери:
Веста што ја слушна го обнадежи.

ободри повеќе

Види и: бодри (несв.)
ободрат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне, охрабри некого.
Примери:
Мајката го ободри детето да издржи до крај.

окуражи повеќе

окуражат
Вид збор: Глагол, свршен
Охрабри, поддржи некого.
Албански: kurajoj, trimëroj
Примери:
Неговиот поглед ја окуражи.
(се окуражи) се охрабри
Албански: kurajoj, trimëroj
Примери:
Почна да зборува несигурно, но брзо се окуражи и гласот му стана сигурен.

ослободи повеќе

ослободат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да се чувствува покомотно, посигурно.
Албански: liroj, inkurajoj
Примери:
Учителката ги ослободи децата пред настапот со малку смеа.
(се ослободи) Стане послободен во однесувањето, се охрабри.
Албански: liroj, rahatis
Примери:
Се ослободи малку пред да излезе пред професорот.

осоколи повеќе

осоколат
Вид збор: Глагол, свршен
Влее некому храброст.
Албански: inkurajoj
Примери:
Командантот ги осоколи регрутите.

охрабри повеќе

охрабрат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне некого на храброст, побуди, даде, влее храброст; даде поддршка, поткрепа да истрае во нешто.
Албански: inkurajoj, trimëroj
(се охрабри) Стане похрабар, порешителен.
Албански: inkurajohem, trimërohem

понасрчи повеќе

Види и: насрчи (св.)
понасрчат
Вид збор: Глагол, свршен
Насрчи, охрабри малку некого.

поокуражи повеќе

Види и: окуражи (св.)
поокуражат
Вид збор: Глагол, свршен
Окуражи, охрабри малку, донекаде.
Албански: kurajoj, trimëroj
(се поокуражи) Се окуражи, се охрабри малку, донекаде.
Албански: kurajoj, trimëroj
Примери:
По таа победа тој се окуражи.

поослободи повеќе

Види и: ослободи (св.)
поослободат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој донекаде слободен, охрабри некого.
Албански: çliroj
Примери:
Тој се заври за да ги поослободи од чувството дека им се вмешува во разговорот.
(се поослободи) Се чувствува донекаде слободен, се охрабри.
Албански: inkurajoj
Примери:
По неколку случајни средби, момчето се поослободи да ја покани на забавата.

поохрабри повеќе

Види и: охрабри (св.)
поохрабрат
Вид збор: Глагол, свршен
Охрабри малку, донекаде.
Албански: trimëroj
Примери:
Таа го поохрабри пред испитот.
(се поохрабри) Се охрабри малку, донекаде.
Албански: trimëroj
Примери:
Момчето се поохрабри и и се обрати на девојката.

попоткрепи повеќе

Види и: поткрепи (св.)
попоткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрене, ободри малку.
Примери:
Силниот аплауз го попоткрепи и тој започна да свири.

потпомогне повеќе

потпомогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи, охрабри некого.
Албански: mbështet, inkurajoj
Примери:
Дедото го потпомогна момчето.

разјуначи повеќе

(се) разјуначат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане јунак.
Примери:
Се разјуначија селаните.

слободи повеќе

слободат
Вид збор: Глагол, несвршен
Храбри некого за да биде слободен.
Албански: inkurajoj
Примери:
Го слободеше за сето време.
(се слободи) се храбри
Албански: inkurajoj

соколи повеќе

соколат
Вид збор: Глагол, несвршен
јуначи, храбри
Албански: trimëroj
Примери:
Стариот воин ги соколеше борците.
(се соколи) се јуначи, се храбри
Албански: trimërohem

храбри повеќе

храбрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Влева храброст.
Албански: inkurajoj, trimëroj
Примери:
Со својот пример тој ги храбреше своите луѓе.
(се храбри) Добива храброст, храбар вид.
Албански: inkurajohem, trimërohem
Примери:
Пред секој испит самиот се храбреше.