ослободи
ослободат; ослободил; (ќе) ослободел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 715
1.
Спаси, избави од ропство, од непријателска власт, од потчинетост некому.
Примери:
Војската ја ослободи земјата од непријателот.
2.
Врати лична слобода некому, што бил лишен од слобода.
Англиски:
free
Албански:
liroj, çliroj
Судот го ослободи уапсениот.
Спротивно од:
затвори (св.)
3.
Направи да биде достапно, подвижно нешто што било врзано, приклештено и сл.
Примери:
Го ослободи едниот крај од јажето и го повлече нагоре.
4.
Направи да биде слободно тоа што било зафатено со нешто.
Примери:
Полицијата го ослободи патот од густиот сообраќај да помине странската делегација.
Спротивно од:
зафати (св.)
5.
Направи да дојде до израз нешто што било прикриено.
Англиски:
release
Албански:
liroj, lëshoj
Бомбата ослободи големо количество разурнувачка енергија.
6.
Направи да биде некој ослободен од обврска, должност и сл.
Примери:
Општината нè ослободи од плаќање комуналии.
7.
Отфрли обвинение, оптужба.
Примери:
Судот го ослободи обвинетиот за убиство и го прогласи за невин.
8.
Направи некој да се чувствува покомотно, посигурно.
Англиски:
encourage
Албански:
liroj, inkurajoj
Учителката ги ослободи децата пред настапот со малку смеа.
Слично со:
охрабри (св.)
9.
Отстрани некому тешкотија, болка и сл.
Англиски:
free
Албански:
liroj, lehtësoj
Докторот го ослободи од болките во грбот.
10.
(се ослободи) Стане слободен, независен, стекне слобода.
Примери:
Се ослободивме од фашистичката окупација.
11.
(се ослободи) Извлече, престане да биде врзан, пригмечен, блокиран и сл.
Англиски:
free
Албански:
liroj, zhbllokoj
Напролет чуновите се ослободија од ледениот оклоп.
Животното се ослободило од кафезот и избегало.
12.
(се ослободи) Отфрли од себе, престане да прави, да извршува нешто за себе непријатно, неповолно, непожелно, штетно.
Англиски:
free
Албански:
liroj, hedh
Тој се ослободи од непотребните работи.
Крадецот бегајќи се ослободил од украдените работи, ги фрлил во ендекот.
Се ослободи конечно од навиката да пуши.
13.
(се ослободи) Престане да чувствува болка, тешкотија и сл.
Албански:
çliroj
Се ослободи од болките.
14.
(се ослободи) Стане послободен во однесувањето, се охрабри.
Англиски:
encourage
Албански:
liroj, rahatis
Се ослободи малку пред да излезе пред професорот.
Слично со:
раатиса (св.)
Изведенки
1.
ослободува несв.
ослободуваат
ослободуваат
2.
ослободување ср.
глаг. им.
глаг. им.