engage - онтологија

ангажира повеќе

ангажираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Задолжи, задолжува некого за вршење некаква дејност.
Албански: angazhoj
Примери:
Наставникот ги ангажира учениците во повеќе слободни активности.
(се ангажира) Се зафати, се зафаќа со некаква дејност, со некаква работа.
Албански: angazhoj
Примери:
Тој многу се ангажираше околу подготовките за прославата.

армаса повеќе

армасаа
Вид збор: Глагол, свршен
Направи свршувачка.
Албански: angazhoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
За Велигден соседите ја армасаа ќерката.
(се армаса) се посврши
Албански: zihem
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Тие се армасаа пред две недели и никому не кажаа.

впрегне повеќе

впрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се впрегне) Се ангажира во нешто.
Албански: angazhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Штом се вратил, се впрегнал да го заврши своето образование.

врши повеќе

вршат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава збор, договара брак, договара свршувачка.
Албански: jep fjalën
Примери:
Јас сум дојдена стројник, да те вршам за него.
(се врши) Дава збор, договара брак.
Албански: jep fjalën

заангажира повеќе

Види и: ангажира (св. и несв.)
(се) заангажираат
Вид збор: Глагол, свршен
ангажира

згоди повеќе

згодат
Вид збор: Глагол, свршен
сврши, посврши
Албански: zihem
Примери:
Ја згодија ќерката во градот.
(се сврши) се сврши, се посврши
Албански: zihem
Примери:
Тие се згодија напролет, а свадба правеа наесен.

наврши повеќе

навршат
Вид збор: Глагол, свршен
Договори свршувачка на момче или на девојка.
Албански: fejoj

оглави повеќе

(се) оглават
Вид збор: Глагол, свршен
Договори свршувачка, (се) сврши.
Употреба: Дијалектен збор

огоди повеќе

(се) огодат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) сврши
Употреба: Дијалектен збор

окупира повеќе

окупираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вработи, вработува, ангажира некого со определена активност, работа.
Албански: angazhoj, punësoj

посврши повеќе

посвршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се посврши) Направи свршувачка, се сврши.
Албански: fejoj

сврши повеќе

свршуваме
Вид збор: Глагол, свршен
Договори свршувачка.
Албански: angazhoj
Примери:
Го свршила сина си.
(се сврши) Даде збор.
Албански: angazhoj
Примери:
Се сврши пред една недела.

стројосува повеќе

Види и: стројоса (св.)
стројосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
стројува

стројува повеќе

стројуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
потврдува веридба, договори за веридба

углави повеќе

углават
Вид збор: Глагол, свршен
сврши
Албански: fejoj
Употреба: Дијалектен збор
(се углави) се сврши
Албански: fejoj
Употреба: Дијалектен збор