задолжи
задолжат; задолжел; задолжен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5398
1.
Оптовари некого со долг.
Примери:
Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
2.
Даде некому задача, задолжение.
Примери:
Учителот ги задолжи своите ученици да ја прочитаат книгата.
Ме задолжија да ти го соопштам решението.
3.
Направи некому добро дело (услуга, даде помош) со што предизвика чувство на задолженост, на благодарност.
Примери:
Таа ме задолжи со тоа што ми го чуваше детето кога беше мало.
Вие многу ме задолживте со вашата посета.
4.
(се задолжи) Се оптовари со долг, стане должен некому.
Примери:
Тие се задолжија за куќата.
Изведенки
1.
задолжува несв.
(се) задолжуваат
(се) задолжуваат
2.
задолжување ср.
глаг. им.
глаг. им.