благуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ужива, се насладува на животот, живее во задоволство.
Примери:
Маалските момчиња благуваа по цела ноќ.
ведрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува радост, развеселува, бодри.
Примери:
Убавата песна ја ведреше нејзината душа.
веселат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се весели) се радува
Албански:
argëtohet, dëfrehet
Примери:
Тој ден сите се забавуваа и се веселеа.
густираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ужива во нешто.
Примери:
Уживаше во времето поминато со девојката, не брзаше, густираше.
(се) заарнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заарни) Стане некому нешто зрно, пријатно.
Примери:
Нему му се заарни животот на село.
зарадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зарадува) Доживее радост.
Примери:
Многу се зарадував кога те видов.
Вид збор: Глагол, свршен
Се израдува, се нарадува многу на нешто.
Примери:
Старите многу му се изнарадуваа на внучето.
Вид збор: Глагол, свршен
(се израдува) Почувствува радост.
Албански:
kënaqem, gëzohem
Примери:
Тој на старост се израдува со внучиња.
милеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мил му е некој или нешто, го исполнува со задоволство, со пријатни чувства.
Примери:
Животот му (се) милееше.
(се) нарадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во радост со некого, со нешто.
Примери:
Да поживееше уште малку, да им се нарадуваше на децата.
(се) насладат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наслади) Се задоволи со насладување, се наужива.
Примери:
Не можеше да си се наслади на убавината на езерото.
(се) науживаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се задоволи во уживање.
Примери:
Се наужива во ергенството, реши да се жени.
обожаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сака некого или нешто, се восхитува од некого или од нешто; е приврзаник, љубител на нешто.
Албански:
adhuroj, admiroj
Примери:
Учениците го обожаваа својот професор.
(се) повеселат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине во веселба кратко време.
Примери:
Се собрале да се повеселат.
Вид збор: Глагол, несвршен
Се насладува малку, уште малку, доволно.
Примери:
Застана да им се понасладува на убавините.
Вид збор: Глагол, свршен
(се поразвесели) Стане весел, се развесели малку, во мала мера.
Албански:
gazmoj, disponoj pak
Примери:
Кога ја слушна таа песна, тој се поразвесели.
Вид збор: Глагол, свршен
Ужива малку, кратко време.
Примери:
Додека можеш, животот да го поуживаш со полни гради.
Вид збор: Извик
Пријатно - желба за добар апетит.
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во веселење со песна и игра.
Примери:
Да завршиме најпрвин, а потоа ќе се провеселиме.
радуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се радува) Преживува радост, пројавува радост, се наоѓа во весело настроение.
Примери:
Многу се радувам
разрадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разрадува) Доживее радост.
Албански:
gëzohem, kënaqem
Примери:
Многу се разрадувал стариот.
сладат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се слади) Причинува задоволство, ужива.
Примери:
Се слади јадејќи.
уживаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее во изобилие и задоволство.
Примери:
Како дете многу се намачи, но сега ужива.
Има чувство на радост и задоволство.
Примери:
Мајката уживаше кога ги гледаше своите деца.
(се) усладило
Вид збор: Глагол, свршен
(се услади) Најде задоволство или уживање во нешто.
Примери:
Премногу му се услади дружбата со убавите девојки.