envy - онтологија

завист повеќе

(едн.) зависта
Вид збор: Именка, женски род
Силно чувство на незадоволство предизвикано од нечиј успех, среќа и сл.
Примери:
Со завист ја следел нивната работа.

зилје повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
завист
Употреба: Архаизам

јадачка повеќе

мн. јадачки
Вид збор: Именка, женски род
Зајадлива жена, жена што предизвикува јадови.
Албански: zili
Употреба: Разговорно

љубомора повеќе

(едн.) љубомората
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на завист кон некого поради нешто.
Албански: zili, lakmi
Примери:
Ќе умреше од љубомора ако победев јас.

ревнивост повеќе

(едн.) ревнивоста
Вид збор: Именка, женски род
завист
Примери:
ревнивост кон туѓите успеси

ревност повеќе

ревноста
Вид збор: Именка, женски род
Несакање успех на некого, завист.
Албански: zili
Употреба: Архаизам
Примери:
Само ако беше некој пред него, ќе ја покажеше својата ревност.