битни
Вид збор: Придавка
Што ја прави суштината на нешто, што е главно обележје, што е основен, главен.
Примери:
битен факт
битови
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бит, начин на живот.
Примери:
Битов амбиент.
витални
Вид збор: Придавка
Што е суштествен, значаен, од голема важност.
Примери:
Витални прашања.
есенцијалниот
Вид збор: Придавка
Што е важен, суштински.
Примери:
есенцијален поетски јазик
јадровитиот
Вид збор: Придавка
Суштински, што го содржи најважното.
органски
Вид збор: Придавка
Што е суштински поврзан со нешто, што е суштествен.
Примери:
Домашните задачи се составен органски дел на работата в клас.
суштинска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на суштина.
Примери:
суштинско прашање