а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

основен

основни
Вид збор: Придавка
Ранг: 778
1. Што ја прави основата.
Англиски: essential Албански: kryesor
Примери:
основна задача
основни состојки
основно значење
2. Што се извршува од основа, радикален.
Англиски: basic Албански: qëndror
Примери:
Основната реорганизација е направена, остануваат уште некои поситни работи.
3. почетен, елементарен
Англиски: elementary Албански: elementar
Примери:
основен суд
основен курс
оcновно училиште
Изрази
Основни средства - дел од имотот на едно претпријатие кој служи за извршување на дејноста, а не се потрошува со една употреба.