exactly - онтологија

баш повеќе

Вид збор: Прилог
Токму во тоа време, тогаш.
Примери:
Нагази на потерата баш кога не требаше.

право повеќе

Вид збор: Прилог
Што одговара на вистината, на реалноста, вистинито, точно.
Албански: saktësisht
Примери:
Да ви кажам право.

тамам повеќе

Вид збор: Прилог
Токму, колку што треба.
Турски: tamam
Употреба: Разговорно
Примери:
Чевлите ми се тамам, ни големи ни мали.
Временски - во моментот кога.
Турски: tamam
Употреба: Разговорно
Примери:
Дојде дома тамам кога вечеравме.

точно повеќе

Вид збор: Прилог
прецизно
Албански: saktësisht
Примери:
Точно опише, препише, прикаже, преведе, изброи нешто.

чисто повеќе

Вид збор: Прилог
јасно, точно, правилно
Примери:
Говори чисто.