кога
Вид збор: Прилог
Ранг: 151
1.
Како прашален збор за време: во кое време, во кој период.
Примери:
Кога го виде?
Кога ќе одиме на гости кај нив?
2.
Во невистински прашања пред временски реченици; во кое време, во кој момент.
Англиски:
when
Не знам кога ќе патувам.
Не знам кога и каде тоа ќе се случи.
3.
Во извични реченици, за чудење во искази дека нешто е необично, неочекувано.
Англиски:
when
Кога дојде, кога си отиде!
Кога толку брзо ја заврши работата!
Слично со:
како (прил.)
4.
Во состави и изрази при раскажување (обично засилено со еве, таму).
Англиски:
then
Седи тој крај огништето, кога ете ти еден човек.
Одат така и кога таму има што да видат.
Изрази
Кога-годе - кога и да е; кога било.
Кога и да било - сеедно кога.
Како кога - еднаш вака, другпат инаку, не секогаш исто.
Немам кога - немам време.
Уште од кога - многу одамна.
Когаш-тогаш - сега или после, кога и да е, еднаш.