exchange - онтологија

даде повеќе

дадам
Вид збор: Глагол, свршен
плати, размени, продаде
Албански: këmben
Примери:
Го дадов коњот за вреќа брашно.

замени повеќе

заменат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши размена, даде едно нешто за да добие друго нешто.
Албански: këmbej
Примери:
Тој го замени својот стан за два помали.

измени повеќе

изменат
Вид збор: Глагол, свршен
Смени, замени со друг, таков или поинаков.
Албански: ndërrim
Примери:
Режисерот им ги измени имињата на главните лица од мојата пиеса.

менува повеќе

менуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Употребува наизменично.
Албански: ndërroj, këmbej
Примери:
Зимно време ги менува гумите.
Дава нешто во замена за друго; разменува.
Албански: këmbej
Употреба: Економија
Примери:
Парите ги менуваше во менувачница.
(се менува) се разменува
Албански: këmbej
Примери:
Се менуваат со сликички за албум.

подзамени повеќе

Види и: замени (св.)
подзаменат
Вид збор: Глагол, свршен
Замени малку.
Примери:
Како што и кај нас, ќе се подзаменат некои од министрите по ресорите и - пак ништо!

размени повеќе

разменат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде нешто во замена за друго, обично со иста вредност.
Албански: këmbim
Примери:
Уште истиот ден ја разменив плочата.
Случајно смени едно нешто за друго.
Албански: këmbim
Примери:
Сношти си го разменив палтото.
сподели, каже
Албански: shpërndaj
Употреба: Разговорно
Примери:
Разменивме само неколку збора.
(се размени) Смени меѓу себе.
Албански: këmbim

расипе повеќе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари - разбие, размени.
Албански: shkëmbim
Примери:
Ја расипав и последната илјадарка.

смени повеќе

сменија
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани од некоја должност, симне, собори.
Албански: shkëmbim
Примери:
Го сменија раководителот на продавницата.
Даде едно нешто за друго.
Албански: shkëmben
Примери:
Ја сменив кошулата за чорапи.
(за пари) размени
Албански: shkëmben
Примери:
Сменив долари во денари.

трампи повеќе

трампат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се трампа) Прави трампа со некого.
Албански: tramb, shkëmbim
Примери:
Ајде да се трампиме.