а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

симне

симнат; симни, симнете; симнав, симнаа; симнал; симнат; симнев, симнеа; симнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1326
1. Премести нешто од повисоко на пониско.
Англиски: take down Албански: marrë posht
Примери:
Симни ги книгите од полицата.
Ги симнаа пушките.
2. Сметне некого или нешто од превозно средство или добиче.
Англиски: take down Албански: hedh
Примери:
Го симнале детето од коњот.
3. Откачи нешто закачено; отстрани нешто што покрива некоја површина.
Англиски: dismount Албански: çmontoj
Примери:
Симне седло.
Симнете ја церадата од камионот.
Ги симна очилата.
4. олупи, излушти
Англиски: peel off Албански: leskëroj
Примери:
Ја симнал кората од дрвото.
5. Ослободи од облека.
Англиски: take off Албански: çliroj
Примери:
Симни го палтото.
Ја симна шапката од глава.
6. Пресече глава, убие.
Англиски: behead Албански: pres kokën
Употреба: Ретко
Примери:
Им ги симнаа главите.
7. Отстрани од должност, одземе власт.
Англиски: topple Албански: përmbysem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сиромасите го симнале царот.
Го симнале министерот.
8. (се симне) Слезе долу од нешто повисоко.
Англиски: come down Албански: bie
Примери:
Се симна најпосле и тој од дрвото.
9. (се симне) Слезе од превозно средство или од добиче.
Англиски: dismount Албански: zbret
Примери:
Детето не може да се симне од коњот.
Изрази
Симне маска некому - разоткрие нечии намери.
Му се симна камен од вратот - му олесна од некој проблем, од некоја тежина.
Му се симне товар од грбот - му олесна од некој проблем.
Некому му се симна некој (нешто) од вратот - му олесна од некој проблем.
Го симна јаремот - се ослободи од ропство, од зависност.
Симне капа - одобри, признае некшто некому, почитува некого.
Му ја симна кожата од грбот - го ограби, му зеде сè, го одере.
Му се симна превез од очите - му станаа јасни работите.
Од ортома симнат - многу лош човек.