исчекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е во неизвесност, очекува нешто да се случи.
Примери:
Секојдневно исчекуваше писмо или каква било порака.
(се) надеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со кратка заменска форма за индиректен предмет: му и др. Очекува некого да дојде.
Примери:
И на Велигден, кога му се надевавме, не дојде.
очекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чека некого или нешто.
Примери:
Сите го очекуваа него, а дојде таа.
чекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Претпоставува, допушта, верува дека ќе стане нешто; очекува.
Примери:
По првиот пораз, можевте веќе да чекате и втор.
(само во 3. л.) Стои пред некого нешто што треба да се сврши, да се сработи; му претстои нешто на некого да го врши или да стане нешто со него.
Примери:
Сите овие работи тебе те чекаат.