надева
(се) надеваат; надевам, надеваме
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 983
1.
Има надеж дека нешто ќе се случи, ќе биде како што се посакува.
Примери:
Се надева дека брзо ќе се вратат.
Се надева дека брзо ќе победат.
Се надевавме на подобро време.
2.
Смета на некого, очекува од некого.
Англиски:
count
Албански:
shpresoj, pres
Надевајте се на него, ама и вие помачете се.
Многу се надевав на него.
Ние на тебе се надевавме, немаме друг.
Слично со:
смета (несв.)
3.
Со кратка заменска форма за индиректен предмет: му и др. Очекува некого да дојде.
Примери:
И на Велигден, кога му се надевавме, не дојде.
Им се надевав на роденденот.
Кога не и се надевав, дојде.
Слично со:
очекува (несв.)
Изрази
Човек се надева додека е жив (посл.).
Изведенки
надевање ср.
глаг. им.
глаг. им.