experienced - онтологија

искусен повеќе

искусни
Вид збор: Придавка
Што има големо искуство, знаење, вештина стекнати со практика.
Примери:
Татко ми е стар и искусен работник.
Што има големо животно искуство.
Примери:
Го прашувам него зашто е искусен човек.

опитен повеќе

опитни
Вид збор: Придавка
Што има опит, што е со големо искуство во некоја област, работа.
Примери:
Гостинот во сешто умееше некако да се снајде и се покажа како опитен светски човек.

практичен повеќе

практични
Вид збор: Придавка
Што има практика, искуство во нешто.
Албански: praktik
Примери:
практичен човек

рутиниран повеќе

рутинирани
Вид збор: Придавка
вешт, извежбан, опитен

стар повеќе

стари
Вид збор: Придавка
Кој има долг опит.
Албански: me përvoj
Примери:
Тој е стар борец.