faint - онтологија

бајалдиса повеќе

бајалдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
снеможе
Турски: bayılmak
Примери:
Кобилата бајалдиса.

гасне повеќе

гаснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Слабее, се губи некакво чувство (радост, среќа).
Албански: lishtohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Додека ме слушаше, гаснеше радоста од неговото лице.
Слабее, се губи некаков звук.
Албански: lishtohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекорите на луѓето гаснеа како да тонеа в сон.

заврти повеќе

завртат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му... се заврти) Изгуби свест, добие вртоглавица.
Албански: marrje mend
Употреба: Медицина
Примери:
Ми се заврте во главата, но не паднав.

изгуби повеќе

Види и: губи (несв.)
изгубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изгуби) се онесвести
Албански: humb, ra të fikët
Употреба: Медицина
Примери:
Девојката сосема се изгуби.

обесвести повеќе

обесвестат
Вид збор: Глагол, свршен
онесвести
Употреба: Медицина

омрлуши повеќе

омрлушат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби сила, ослабне, премали, клапне.
Албански: ligështohem
Примери:
Го омрлуши лицето и зацивка плачно.
(се омрлуши) се премали
Албански: ligështohem, humb fuqin
Примери:
Наеднаш се омрлуши.

онесвести повеќе

онесвестат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика (со удар, опојни средства и сл.) некој да загуби свест.
Албански: alivanos
Употреба: Медицина
Примери:
Силниот удар го онесвести и тој падна на земја.
Се онесвести, падне во несвест.
Албански: alivanosem, bie të fikët
Примери:
Му дојде да се онеснести кога го виде пред вратата.

премре повеќе

премрат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби свест, припадне, онесвести.
Албански: mekem, pakem
Примери:
Премрела, ама ја повративме.

примира повеќе

Види и: примре (св.)
примираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Губи свест.
Примери:
Тој примираше в постела од ноќните кошмари.

примре повеќе

примрат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш изгуби свест, одеднаш се онесвести.
Албански: bie të fikët
Употреба: Архаизам
Примери:
Мајка му примре од жал.

припадне повеќе

припаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Падне во несвест.
Албански: alivanosem, bie
Примери:
Одеднаш стана од постелата и припадна на подот.

снеможе повеќе

снеможат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува немоќ, загуби сили.
Примери:
Снеможе нешто стариот.

снеможува повеќе

Види и: снеможе (св.)
снеможуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
снеможе