fat - онтологија

дебел повеќе

дебели
Вид збор: Придавка
За луѓе, животни, делови од телото - згоен, полн.
Албански: i trashë, i majur
Примери:
Влегува дебела старица.

згоен повеќе

Види и: згои (св.)
згоени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) угоен, дебел
Примери:
Од одмор се врати згоена за пет кила.

мавца повеќе

Види и: маст (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
маст
Употреба: Деминутив

мазнина повеќе

мн. мазнини
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Општо име за сите видови маснотии.

маснотија повеќе

мн. маснотии
Вид збор: Именка, женски род
Мрсни состојки во нешто.
Албански: yndyrë
Примери:
Млекото содржи многу маснотии.

маст повеќе

мн. масти
Вид збор: Именка, женски род
Млечен производ што се добива со биење.
Српски: маст Албански: dhjamë, gjalpë Бугарски: мас
Употреба: Гастрономија
Примери:
кравја маст
Густа, мрсна материја од различно потекло што cе користи за мачкање на телото, за лекување, за подмачкување машини, апарати итн.
Албански: yndyrë
Примери:
цинкова маст

мрс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Храна која содржи масти (месо, сланина, млечни производи).
Употреба: Гастрономија
Примери:
Виното се испи и мрсот се истроши.

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
Што содржи маст, што е подготвен со маст.
Албански: i yndyrshëm, i lyrshëm
Примери:
мрсно јадење
дебел, угоен
Албански: i majur, i trashë
Примери:
мрсен крмак
Што содржи масни состојки.
Албански: i lyrshëm
Примери:
мрсен крем

сера повеќе

Види и: сереј (м.)
Вид збор: Именка, женски род
сереј

сереј повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Маснотија на првото млеко кај жена и кај добитокот.
Албански: yndyrë

тучен повеќе

Вид збор: Придавка
мрсен
Примери:
тучна манџа.

угоен повеќе

Види и: угои (св.)
угоена
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) здебелен
Примери:
Многу е угоен.