посен
посни
Вид збор: Придавка
Ранг: 11309
1.
Што не содржи продукти од животинско потекло (месо, маст, млеко, јајца).
Албански:
pa yndrë, kreshmor
Спротивно од:
мрсен (прид.)
2.
Што содржи малку маснотии.
Примери:
Посно сирење.
3.
Што се однесува на пост.
Англиски:
fasting
Албански:
kreshmë, agjërim
Петок е посен ден.
4.
За земја - што е сиромашна со определени состојки.
Примери:
Нивата е малечка, посна и каменеста.
5.
Што е празен, сиромашен.
Примери:
Некои песни беа анемични, со посна, скромна мелодиска инвенција.