fatten - онтологија

вгои повеќе

Види и: згои (св.)
вгојат
Вид збор: Глагол, свршен
згои

всали повеќе

(се) всалат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие наслаги сало, се згои.
Албански: majm
Примери:
Преку летото прасето се всали.

гои повеќе

гојат
Вид збор: Глагол, несвршен
За домашни животни, добиток и живина - дебели, храни за да добие поголема тежина.
Албански: majm
Примери:
Гоеше гуски и прасиња за Божик.
За човек што само јаде, а ништо не работи.
Албански: majm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само го гојат, а ништо не работи.
(се гои) се дебели
Албански: trashet
Примери:
И крмникот убаво се гои од тиквите.

дебелее повеќе

дебелеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави дебел некого, гои.
Албански: trashet
Примери:
Реши да го дебелее прасето.
(се дебелее) Станува дебел, се гои.
Албански: trashem
Примери:
Од ден на ден сѐ повеќе поруменува и се дебелее.

дебели повеќе

Види и: дебелее (несв.)
(се) дебелат
Вид збор: Глагол, несвршен
дебелее
Албански: trashem

дотови повеќе

Види и: тови (несв.)
дотоват
Вид збор: Глагол, свршен
Тови доволно, тови дополнително.
Примери:
Да се дотоват животните.

загои повеќе

загојат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гои (обично за добиток).
Албански: majm, ushqej
Примери:
Свињата ја загоил со посебна храна.
(се загои) Почне да се гои.
Албански: fillon të trashet
Примери:
Од многу јадење се загои.

задебели повеќе

Види и: дебели (несв.)
задебелат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде подебел.
Албански: trashet
Примери:
Храната ги задебели свињите.
(се задебели) Почне да се дебели.
Албански: fillon të trashet
Примери:
Многу си се задебелил!

засали повеќе

засалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се засали) Се обвие со сало, се здебели.
Албански: vjamos, majm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Целиот се засалил.

згои повеќе

Види и: гои (несв.)
згојат
Вид збор: Глагол, свршен
гои
Албански: trashë, majm
Примери:
Минатото лето згоија три свињи.
(се згои) Стане дебел.
Албански: trashet
Примери:
Тоа прасе многу јаде, ама никако да се згои.

здебели повеќе

Види и: дебели (несв.)
здебелат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да биде дебел, подебел.
Албански: trashet
Примери:
Работата со седење го здебели.
(се здебели) Стане дебел, подебел.
Албански: trashet
Примери:
По закрепнувањето од болеста брзо се здебели.

лојоса повеќе

лојосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане дебел.
Албански: trash
Примери:
Целиот лојосал.
Направи со многу лој.
Албански: trash
Примери:
Ја лојоса манџата.
(се лојоса) Се здебели.
Албански: trash
Примери:
Целиот се лојоса.

накладе повеќе

накладат
Вид збор: Глагол, свршен
Се здебели, се згои (обично за свиња).
Албански: trashet
Употреба: Преносно значење
Примери:
За кусо време арно накладе прасето.

поздебели повеќе

Види и: здебели (св.)
поздебелат
Вид збор: Глагол, свршен
Здебели некого или нешто уште повеќе.
Примери:
Силната храна го поздебели.

поправи повеќе

поправат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поправи) се здебели
Албански: trash
Примери:
Чистиот планински воздух му го отвори апетитот и тој бргу се поправи.

поугои повеќе

Види и: угои (св.)
поугојат
Вид збор: Глагол, свршен
Угои малку или уште малку.
(се поугои) Се угои малку или уште малку.

тови повеќе

товат
Вид збор: Глагол, несвршен
гои, дебели, крми
Примери:
Ги тови мисирките.

тучи повеќе

тучат
Вид збор: Глагол, несвршен
Масти, замастува, зачинува со маст; храни со маст, со мрсно јадење.
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Зошто ти се прасиња / да си тучам момите.

угојува повеќе

Види и: угои (св.)
(се) угојуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) згојува