flash - онтологија

блесок повеќе

мн. блесоци
Вид збор: Именка, машки род
Силен, заслепувачки сјај, силен отсјај.
Албански: shkëlqim, lustër, blic
Примери:
Блесок на месечева светлина.

блиц повеќе

мн. блицеви
Вид збор: Именка, машки род
Блесок, краткотрајно силно светло.
Германски: Blitz Албански: blic, shkreptimë
Додаток кон фотографскиот апарат за осветлување при снимање во мрак.
Германски: Blitz Албански: blic
Примери:
Настапи целосно помрачување и само блицовите на фотоапаратите ја нарушуваа темнината.

болскот повеќе

(едн.) болскотот
Вид збор: Именка, машки род
сјај, блесок
Примери:
Болскотот на кристалите ги заслепуваше.

веда повеќе

мн. веди
Вид збор: Именка, женски род
молња, молскавица, секавица
Албански: rrufe
Примери:
Негде молсна веда, а потоа се слушна далечен татнеж.

молња повеќе

мн. молњи
Вид збор: Именка, женски род
Нагло електрично празнење во атмосферата проследено со светлина.
Албански: rrufe, vetëtimë
Употреба: Физика
Блесок од очите како резултат на силни чувства (гнев, лутина).
Албански: xixë, blic
Употреба: Преносно значење
Примери:
Фрлаше молњи од очите од бес.

молскавица повеќе

мн. молскавици
Вид збор: Именка, женски род
молња, секавица

молскот повеќе

мн. молскоти
Вид збор: Именка, машки род
блесок
Примери:
Му се гледаше необичен молскотот во очите.

проблесок повеќе

мн. проблесоци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се јавува за миг како блесок.
Албански: reflektim, flakërim
Тоа што ќе се јави наеднаш, ненадејно како мисла, идеја.
Албански: blic, shkrepje
Употреба: Преносно значење

флеш повеќе

(едн.) флешот
Вид збор: Именка, машки род
Краткотрајна светлина при фотографирање.
Албански: blic
Комбинација на карти во некои игри (покер).
Албански: flesh
куса важна вест
Примери:
флеш вести