а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сјај

(едн.) сјајот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2484
1. Силна, заслепителна светлина.
Англиски: shine Албански: shkëlqim
Примери:
сјајот на сонцето
2. За боја - јасност.
Англиски: brightness Албански: shkëlqim
Примери:
сјајот на боите
3. Радосен, среќен израз на лицето, очите.
Англиски: shining Албански: shkëlqim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ништо не можеше да го скрие сјајот во нејзините очи.
4. Јасно пројавување на некои достоинства, способности и сл.
Англиски: shine Албански: ndriçim, shkëlqim
Употреба: Преносно значење
Примери:
сјајот на талентот
(разг.) во сиот сјај
5. раскош, величественост
Англиски: opulence Албански: shkëlqimi, pasuri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Живееше во сјај и раскош.