вковат
Вид збор: Глагол, свршен
Впери, насочи, задржи на едно место.
Примери:
Го вкова погледот во една точка.
концентрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се концентрира) Се сосредоточи, се прибере, си ги среди мислите.
Албански:
fokusohet, përqëndrohet
Примери:
Се концентрираше над работата.
насочат
Вид збор: Глагол, свршен
(се насочи) Се сосредоточи, се концентрира на нешто.
Албански:
fokusoj, koncentroj
прислушуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насочува внимание, се обидува нешто да слушна.
Албански:
përqëndrohem të dëgjoj
сосредоточат
Вид збор: Глагол, свршен
За мисли, внимание - напрегне.
Примери:
Не можеше да ги сосредоточи своите мисли.
(се сосредоточи) Сосредоточи свои мисли, внимание и сл.
Примери:
Најпосле успеа да се сосредоточи.
фокусираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Посветува или насочува внимание, напор на/врз нешто.
Албански:
fokusohem, përqëndrohem
Примери:
Ги фокусираат своите истражувања на прашањето на статусот на жената.
(се фокусира) се концентрира
Албански:
fokusoj, koncentroj
Примери:
Се фокусира на поставеното прашање.