а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насочи

насочат; насочил; насочеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3424
1. Определи, даде насока, управи во некоја насока.
Англиски: point Албански: drejtoj
Примери:
Бродот го насочи кон најблискиот остров.
Ја насочи пушката кон селанецот.
Погледите ги насочија кон прозорецот.
2. Сосредоточи кон нешто.
Англиски: direct Албански: drejtoj
Примери:
Насочи внимание.
Насочи истражување.
Насочи интересирање.
3. (се насочи) Се упати во некоја насока.
Англиски: direct Албански: drejtoj
4. (се насочи) Се сосредоточи, се концентрира на нешто.
Англиски: focus Албански: fokusoj, koncentroj
Изведенки
1. насочува несв.
(се) насочуваат
2. насочување ср.
глаг. им.