мн. жаришта
Вид збор: Именка, среден род
Главно, централно место на нешто; центар на нешто.
Примери:
Охрид е жариште и расадник на словенската писменост.
мн. жижи
Вид збор: Именка, женски род
Центар на публицитет.
Примери:
Во жижата на вниманието.
мн. легла
Вид збор: Именка, среден род
Жариште, извор од каде што се шири нешто.
Примери:
Легло на зараза.
мн. огништа
Вид збор: Именка, среден род
Место, центар од каде што се шири, се распространува нешто.
Примери:
огниште на зараза
(едн.) средиштето
Вид збор: Именка, среден род
Важно место за некаква дејност.
Примери:
Културно средиште.
фокусот
Вид збор: Именка, машки род
Во физиката - точка во која се собираат прекршени или одбиени зраци.
Албански:
fokus
Употреба:
Физика
Во фотографијата - точка во која фотографираниот предмет се гледа најјасно.
Жариште на воспалителен процес во организмот.
центар, средиште, жариште
мн. херои
Вид збор: Именка, машки род
Главно лице на некој настан, лице што го привлекува вниманието.
Примери:
Не сакајќи тој стана херој на денот.