херој
мн. херои
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2495
1.
Лице што се одликува со извонредна храброст.
Примери:
херој на Народната револуција
Падна со смртта на херој.
херој на трудот
Слично со:
јунак (м.)
2.
Главно лице на некој настан, лице што го привлекува вниманието.
Примери:
Не сакајќи тој стана херој на денот.
херој на улицата
3.
Лице што ги овоплотува карактерните црти на својата епоха, средина.
Англиски:
embodyment
Албански:
personalitet, hero
херој на нашето време
херој на нашите дни
4.
Главно лице во уметничко дело - роман, пиеса и сл.
Англиски:
main character
Албански:
hero, personazh
Главните херои на романот се лица од народот.
хероите на Горки