foundation - онтологија

вакаф повеќе

мн. вакафи
Вид збор: Именка, машки род
Имот добиен со завештание во верски и хуманитарни цели на џамија или црква и таков вид на верско задолжување.
Турски: vakıf Албански: vakëf
Употреба: Економија , Религија

задужбина повеќе

мн. задужбини
Вид збор: Именка, женски род
Градба (обично црква, манастир) подигната за душа и во спомен на основачот.
Албански: vendtrashëgimi
Употреба: Историја , Религија
Примери:
Ги обиколи сите свете места и задужбини.
Установа или фонд со својство на правно лице, основани од дарувани средства во определени хумани, просветни или културни цели.
Албански: fondacion
Употреба: Економија

основа повеќе

мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од предмет на кој се крепат другите негови делови.
Албански: bazë, themel
Примери:
Зградата има добра основа.

подбив повеќе

мн. подбиви
Вид збор: Именка, машки род
подлога, темел
Албански: bazë, temel

темел повеќе

мн. темели
Вид збор: Именка, машки род
Основа на зграда.
Турски: temel Албански: temel
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Копа темел.

фонд повеќе

мн. фондови
Вид збор: Именка, машки род
Установа, организација за укажување материјална помош за развивање на науката и уметноста.
Албански: fond
Употреба: Административен термин
Примери:
Фонд за научна работа.

фондација повеќе

мн. фондации
Вид збор: Именка, женски род
Организација формирана парично да помага проекти од опшествена корист.
Албански: fondacion
Употреба: Економија
Примери:
Фондацијата Рамковски го промовираше делото на Крсте Мисирков.