Економија - категорија

заарчи повеќе

Види и: арчи (несв.)
заарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да арчи.
Англиски: spend Албански: harxhoj
Примери:
Заарчи од парите уште пред да ги донесе дома.
(се заарчи) се троши
Англиски: spend Албански: harxhoj
Примери:
Стоката во дуќанот се заарчи уште од првиот ден.

заборчи повеќе

Види и: задолжи (св.)
(се) заборчат
Вид збор: Глагол, свршен
задолжи
Англиски: get into debt Албански: huazoj

загуба повеќе

мн. загуби
Вид збор: Именка, женски род
Негативна разлика меѓу трошоците за производство на стоката и нејзината цена.
Албански: humbje, deficit
Примери:
Со такви цени производителите ќе бидат во загуба.

загубар повеќе

мн. загубари
Вид збор: Именка, машки род
Компанија што е во загуба.
Англиски: loser Албански: humbës
Примери:
Преку ноќ со одлука на хартија загубарот стана профитабилен.

задолжен повеќе

задолжени
Вид збор: Придавка
Што има долг.
Англиски: indebted
Примери:
Тој е задолжен во неколку банки.

задолжи повеќе

задолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Оптовари некого со долг.
Англиски: indebt Албански: ngarkoj
Примери:
Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
(се задолжи) Се оптовари со долг, стане должен некому.
Англиски: indebt Албански: huazoj
Примери:
Тие се задолжија за куќата.

задолжница повеќе

мн. задолжници
Вид збор: Именка, женски род
Приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено во задолжницата присилно да се наплати.
Англиски: promissory note, IOU
Примери:
закон за задолжница [извор]

задруга повеќе

мн. задруга
Вид збор: Именка, женски род
Колективна организација, здружение за вршење или организирање на разни стопански и други дејности.
Англиски: cooperation Албански: kooperativë
Примери:
земјоделска задруга

задршка повеќе

мн. задршки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од сума што се задржува при исплата на парични средства.
Англиски: commission Албански: komision, përqindje
Примери:
Задршките од платата се прикажани одделно.

задужбина повеќе

мн. задужбини
Вид збор: Именка, женски род
Установа или фонд со својство на правно лице, основани од дарувани средства во определени хумани, просветни или културни цели.
Англиски: foundation Албански: fondacion

заем повеќе

Види и: заим (м.)
мн. заеми
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се дава некому или што се зема од некого со обврска дека ќе биде вратено.
Англиски: loan Албански: huazim, borxh
Примери:
Никој не му дава пари на заем.

заемодавач повеќе

Види и: заемодавец (м.)
мн. заемодавачи
Вид збор: Именка, машки род
заемодавец
Англиски: creditor, lender Албански: huadhënës

заемодавец повеќе

мн. заемодавци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дава заем.
Англиски: creditor, lender Албански: huadhënës
Примери:
Заемодавецот си ги бараше назад своите пари.

заклучница повеќе

мн. заклучници
Вид збор: Именка, женски род
Писмен договор меѓу купувачот и продавачот за купената стока, начин на плаќање и сл.
Англиски: contract Албански: kontratë

закнижи повеќе

закнижат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да книжи (во книговодство).
Англиски: book Албански: regjistroj
Примери:
Закнижи од рано изутрина.

закопнина повеќе

мн. закопнини
Вид збор: Именка, женски род
погребнина
Англиски: funeral fees Албански: taksë për varrim
Примери:
Немаше пари да плати закопнина.

закуп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Привремена употреба, користење на нешто (обично недвижен имот) со однапред договорена цена.
Англиски: rent Албански: qesim, qira, rentë
Примери:
Земјата ја даде под закуп.

закупен повеќе

закупниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на закуп.
Англиски: rental Албански: i rentuar
Примери:
Закупна цена.

закупец повеќе

мн. закупци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што зема нешто под закуп.
Англиски: tenant Албански: qiramarrës
Примери:
Закупецот го купи имотот за половина цена.

закупи повеќе

закупат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе под закуп.
Англиски: rent Албански: jap me qira
Примери:
Таа закупи две ниви, сака да сади тутун.

закупник повеќе

Види и: закупец (м.)
мн. закупници
Вид збор: Именка, машки род
закупец
Англиски: tenant

закупнина повеќе

мн. закупнини
Вид збор: Именка, женски род
Пари што се даваат за закуп; цена на закупот.
Англиски: rent Албански: qira, rentë
Примери:
Закупнината за станот е многу висока.

закупувач повеќе

Види и: закупец (м.)
мн. закупувачи
Вид збор: Именка, машки род
закупец
Англиски: tenant Албански: qiramarrës

заложен повеќе

Види и: залог (м.)
заложниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на залог.
Англиски: security Албански: sigurie, peng
Примери:
Заложна банка.

заложилница повеќе

мн. заложилници
Вид збор: Именка, женски род
Место (установа, фирма) каде што се заложуваат предмети за да се добијат пари.
Англиски: pawnshop
Примери:
Старите, вредни предмети ги однесе во заложилница.

заложувач повеќе

Види и: заложи (св.)
мн. заложувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што заложува вредности во заложилница.
Англиски: pawner
Примери:
Тој беше непопустлив кон заложувачите.

замена повеќе

мн. замени
Вид збор: Именка, женски род
Давање нешто за друго нешто.
Англиски: exchange Албански: këmbim
Примери:
Во замена за дрвата добивате газија и коцки шеќер.

замрзнат повеќе

замрзнатиот
Вид збор: Придавка
За пари - што не се користат во обртот.
Англиски: frozen Албански: të ngrira
Примери:
замрзнати средства

занает повеќе

мн. занаети
Вид збор: Именка, машки род
Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, машини) од стручно оспособени лица.
Англиски: trade Турски: zanaat Албански: zeje, zanat
Примери:
Ѕидарски занает.

занаетчија повеќе

мн. занаетчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со определен занает.
Англиски: craftsman Турски: zanaatci Албански: zejtar
Примери:
чевларски занаетчија

занаетчиски повеќе

занаетчиска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на занаетчија.
Примери:
занаетчиска работилница
Што се однесува на занает.
Примери:
занаетчиска работа

занаетчиство повеќе

(едн.) занаетчиството
Вид збор: Именка, среден род
Практикување на занает, занаетчиска дејност.
Англиски: handicraft Албански: zejtari
Примери:
Развојот на трговијата и занаетчиството оди по нагорен пат.

занимање повеќе

мн. занимања
Вид збор: Именка, среден род
професија, позив, струка
Англиски: profession Албански: profesion
Примери:
Тој е ковач по занимање.

заработка повеќе

мн. заработки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е заработено, што е спечалено со работа.
Англиски: earnings Албански: fitim
Примери:
Тој ја потроши целата своја заработка.
Разлика меѓу куповната и продажната цена.
Англиски: earnings Албански: fitim, pagë
Примери:
Дневна заработка.

заработувачка повеќе

Види и: заработка (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
заработка
Англиски: earnings Албански: fitim, pagë
Примери:
Тој се врати од печалба со голема заработувачка.
заработка
Англиски: income Албански: të ardhura
Примери:
Неделна заработувачка.

затишие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
За дејност, работа - смалување на интензитетот на работата.
Англиски: slow down Албански: heshtje, pushim
Примери:
Во издавачката дејност владее затишје.

зафати повеќе

зафатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зафати) Се издигне, ја подобри материјалната состојба.
Англиски: prosper Албански: përparoj
Примери:
Соседот откога почна со новиот бизнис, се зафати.

заштеда повеќе

мн. заштеди
Вид збор: Именка, женски род
За пари - тие што се собрани со штедење покрај редовните трошоци.
Англиски: saving Албански: kursim
Примери:
скромна заштеда

згорниште повеќе

мн. згорништа
Вид збор: Именка, среден род
Додаток при продажба или трампа.
Англиски: extra Албански: shtesë gjatë shitjes
Примери:
Hа толку пазар ред е да дадеш малку згорниште.

зделка повеќе

мн. зделки
Вид збор: Именка, женски род
Договор меѓу две страни за извршување определена работа.
Англиски: deal Албански: marrëveshje
Примери:
Склучи добра зделка.

зеленаш повеќе

мн. зеленаши
Вид збор: Именка, машки род
Човек што дава пари на заем со многу висока камата.
Англиски: usurer Српски: зеленаш

земја повеќе

мн. земји
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Површина која е нечија сопственост.
Англиски: land Албански: pronë
Примери:
Тој селанец беше богат со земја.

земјарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Данок за сопственост или за користење земја како имот.
Англиски: property tax

земјиште повеќе

мн. земјишта
Вид збор: Именка, среден род
Имот, земја како сопственост.
Англиски: property Албански: pronë, tokë
Примери:
Приватно земјиште.

златар повеќе

мн. златари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што продава такви производи.
Англиски: jeweler Албански: artar, argjendar

златарка повеќе

Види и: златар (м.)
мн. златарки
Вид збор: Именка, женски род
жена златар
Англиски: goldsmith Албански: artare, argjendare

златарство повеќе

(едн.) златарството
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка; занает за производи од злато, сребро и трговија со нив.
Англиски: goldsmith's art Албански: artari, argjendari
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш