founder - онтологија

втемелувач повеќе

мн. втемелувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што поставува темели на нешто.
Примери:
Тој е еден од втемелувачите на факултетот.

затемелувач повеќе

мн. затемелувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што поставува основа.

ктитор повеќе

мн. ктитори
Вид збор: Именка, машки род
Основач, заштитник, дарител на црква или манастир.
Употреба: Историја
Примери:
Тој е ктитор на манастирот.

леар повеќе

мн. леари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи во леарница, тој што лее.
Употреба: Технологија
Примери:
Во војната работеше како леар на бомби.

ливец повеќе

мн. ливци
Вид збор: Именка, машки род
леар
Српски: ливац
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
ливец на железо

основач повеќе

мн. основачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што основал нешто, што формирал нешто.
Примери:
Тој е основач на клубот.

основоположник повеќе

мн. основоположници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ги поставил основите, принципите на нешто.
Албански: themelues
Примери:
Блаже Конески е основоположник на македонскиот литературен јазик.

основувач повеќе

Види и: основач (м.)
мн. основувачи
Вид збор: Именка, машки род
основач

родоначалник повеќе

мн. родоначалници
Вид збор: Именка, машки род
Основач на учење, движење и сл.
Албански: themelues
Употреба: Преносно значење
Примери:
Родоначалник на модерната медицина кај нас.