Технологија - категорија

лагер повеќе

мн. лагери
Вид збор: Именка, машки род
Машински дел во кој се врти крајот на оската во определена положба.
Англиски: bearing Германски: Lager Албански: kushinetë
Примери:
валчести лагери

ладилник повеќе

мн. ладилници
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за домаќинство што служи за чување храна на определени ниски температури.
Англиски: refrigerator Албански: frigorifer
Примери:
Ладилникот беше празен.

ламела повеќе

мн. ламели
Вид збор: Именка, женски род
Дел од куплунгот на автомобил што го остварува контактот на куплунгот со моторот.
Англиски: clutch disc Албански: pedal i friksionit

ласер повеќе

мн. ласери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што работи на тој принцип, а има примена во различни области (медицина, електротехника).
Англиски: laser Албански: lazer
Примери:
Операција со ласер.

леар повеќе

мн. леари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи во леарница, тој што лее.
Англиски: founder
Примери:
Во војната работеше како леар на бомби.

леарница повеќе

мн. леарници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница или фабрика каде што се лее.
Англиски: foundry
Примери:
Леарница за печатарски букви.

леарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Занает, професија на леарот.
Англиски: casting
Примери:
Долги години се занимаваше со леарство.

лее повеќе

леат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сипе во калап, дава форма на нешто растопена.
Англиски: cast Албански: derdh
Примери:
Овде лееле куршуми.

леен повеќе

Види и: лее (несв.)
леениот
Вид збор: Придавка
лее
Англиски: casted
Примери:
леено железо

лежиште повеќе

мн. лежишта
Вид збор: Именка, среден род
Елемент на кој се потпира конструкцијата при што товарот се пренесува на основата, машински дел во кој се врти крајот на оската во определена положба.
Англиски: bearing Албански: shtyllë
Примери:
Оската излезе од лежиштето.

лем повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Легура што се користи за спојување метали.
Англиски: solder

леми повеќе

лемат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поврзува, лепи жички или други метални делови со калај (или со легури на калајот со олово или цинк) со посебен апарат.
Англиски: solder

лемило повеќе

мн. лемила
Вид збор: Именка, среден род
Апарат со кој се леми.
Англиски: soldering iron

лента повеќе

мн. ленти
Вид збор: Именка, женски род
Подвижен елемент во фабрика со кој се пренесуваат производите од една до друга машина или од еден до друг погон.
Англиски: conveyor belt Албански: shirit
Примери:
бескрајна лента

лер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Неутрална положба на менувачот кај моторните возила, нулта брзина.
Англиски: idle Германски: Leer

летком повеќе

мн. леткоми
Вид збор: Именка, машки род
лемило
Англиски: soldering iron Германски: Lötkolben

летламба повеќе

мн. летламби
Вид збор: Именка, женски род
Апарат со многу жежок пламен за лемење.
Англиски: blowtorch Германски: Lötlampe

лив повеќе

мн. ливови
Вид збор: Именка, машки род
Растопена маса од метал од која се леат различни предмети.
Англиски: cast Албански: derdhje

лигатура повеќе

мн. лигатури
Вид збор: Именка, женски род
Метал што се додава на среброто и златото заради подобрување на нивните својства.
Англиски: ligature Албански: legurë, metal që i shtohet arit dhe argjendit

лизгач повеќе

мн. лизгачи
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што се лизга, направа или дел од направа, инструмент и сл.
Англиски: glider Албански: rrëshqitës

линија повеќе

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
телефонски вод
Англиски: line Албански: linjë
Примери:
телефонска линија

лицна повеќе

мн. лицни
Вид збор: Именка, женски род
Влакно, тенка жичка на електричен осигурач.
Англиски: litz wire Германски: Litze

ложилница повеќе

мн. ложилници
Вид збор: Именка, женски род
Станица во која се произведува топлинска енергија.
Англиски: heating station
Примери:
За време на војната железничките станици, работилниците и ложилниците биле разурнати.

локомоторен повеќе

локомоторниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на движење.
Англиски: locomotive

луфт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Празен простор меѓу две нешта што треба да бидат споени.
Англиски: play Германски: Luft
Примери:
Има луфт.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш