furrow - онтологија

бразда повеќе

мн. бразди
Вид збор: Именка, женски род
Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина.
Албански: hulli
Употреба: Земјоделство
Примери:
Тракторот зад себе оставаше свежо изорани бразди.

бразди повеќе

браздат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува бразда на лицето, брчка.
Албански: rrudha
Примери:
Лицето полека му го браздат сенки.

брчка повеќе

брчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки.
Албански: rrudhet
Примери:
Годините сѐ повеќе му го брчкаа лицето на старецот.
(се брчка) Си прави брчки.
Албански: rrudh
Примери:
Челото му се брчкаше, а погледот блудеше неодредено.

вада повеќе

мн. вади
Вид збор: Именка, женски род
Мал јаз, бразда што служи за доведување вода за наводнување.
Турски: vadi Албански: hendek, jaz
Примери:
Потекоа бранчиња на првата вада на пченките озгора.

жлеби повеќе

жлебат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави жлеб.

забразди повеќе

забраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бразди.
Албански: bën hulli, brazdë
Примери:
Цврсто држејќи го плугот, ја забразди нивата.

избразди повеќе

избраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи бразди, заврши со браздење.
Албански: rudh
Примери:
Децата ја избраздија песокта.
Се покаже како бразда на лицето во голема мера.
Албански: rudh
Примери:
Годините му го избраздија лицето.
(се избразди)
Албански: rudh
Примери:
Со годините лицето му се избраздило.

набодна повеќе

мн. набодни
Вид збор: Именка, женски род
Долга вила со два шилци за пренесување, товарење снопови.
Албански: sfurk
Употреба: Земјоделство

набразди повеќе

набраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи бразди при обработка на земјиште.
Албански: hap hulli, brazdë
Добие брчки.
Албански: rrudhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Длабоки брчки му го набраздија челото.
(се набразди) Се набрчка.
Албански: rrudhem
Примери:
Лицето му се набраздило.

набрчка повеќе

набрчкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие брчки.
Албански: rrudhet
Примери:
Се налути и го набрчка челото како старец.
(се набрчка) Се набере, добие брчки.
Албански: rrudhet
Примери:
Челото му се набрчка.

натрга повеќе

натргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи доволен број бразди, трапови и сл.
Албански: hap; mjaft brazda, hulli
Примери:
Натргај трапови да го насадиме расадот.

разор повеќе

мн. разори
Вид збор: Именка, машки род
Бразда што се формира при орање.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Добар орач не создава длабоки и широки разори.

струга повеќе

мн. струги
Вид збор: Именка, женски род
Ток, бразда, речно корито.

трап повеќе

мн. трапови
Вид збор: Именка, машки род
јаз, бразда
Албански: hulli, vazhdë
Употреба: Земјоделство

цепи повеќе

цепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави бразда по вода, земја.
Албански: hulli
Примери:
Коработ ги цепеше мирните води на езерото.