цепи
цепат; цепел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7417
1.
Сече дрво по должината.
Примери:
Цел ден дрва цепевме.
(разг.) Го цепи умот.
Како ти цепи умот? - Како ти сече умот?
Цепи влакно.
(дијал.) Цепи шамија.
2.
За некои плодови - кине по половината, обично за сушење.
Примери:
Децата цепеа сливи и ги носеа да се сушат за зима.
3.
Кине, дере ткаенина, книга.
Примери:
Ова платно не мора да се сече, убаво се цепи.
4.
Прави бразда по вода, земја.
Примери:
Коработ ги цепеше мирните води на езерото.
Слично со:
бразди (несв.)
5.
За звук - го реже воздухот.
Примери:
Револверски истрели одвреме-навреме ја цепеа ноќта.
Слично со:
реже (несв.)
6.
Разединува, руши единство на организација, партија и сл.
Примери:
Несогласиците ја цепеа партијата.
7.
(се цепи) Лесно се сече, се расцепува.
Примери:
Платното на средината се цепеше.
Дрвата беа убави и лесно се цепеа.
8.
(се цепи) се разединува
Примери:
Партијата се цепеше на помали групи.
Слично со:
разединува (несв.)