further - онтологија

натака повеќе

Вид збор: Прилог
натаму

натамо повеќе

Вид збор: Прилог
натаму

натаму повеќе

Вид збор: Прилог
Во тој (од ситуацијата определен) правец, на таа (од ситуацијата определена) страна.
Албански: më tej
Примери:
Тргнаа натаму кон селото.
Просторно и временски - во продолжение (обично во компаратив).
Албански: më tutje
Примери:
Не сакаше да оди натаму (понатаму).

подалеку повеќе

Вид збор: Прилог
Компаратив од далеку.
Примери:
Тој им сугерира на нашите матуранти да бегаат колку што е можно подалеку од проучувањето на македонскиот јазик.

понака повеќе

Вид збор: Прилог
понатаму
Употреба: Дијалектен збор

понатака повеќе

Вид збор: Прилог
понатаму
Примери:
За другото понатака лесна работа.

понатаму повеќе

Вид збор: Прилог
Компаратив од натаму со просторно значење - во определен правец, понапред, подалеку.
Албански: më tej
Примери:
Малку понатаму здогледа силна тврдина.

после повеќе

попосле
Вид збор: Прилог
Во набројување - понатаму.
Примери:
Прво бил учител во охридското село Белица, а после во Охрид.

потаму повеќе

Вид збор: Прилог
Со просторни значење - во определен правец, понапред, подалеку.
Примери:
Не сакаат да погледат потаму од носот.
Со временско значење - подоцна, во иднина.
Примери:
Јас веќе не ти можам ништо, потаму останува на тебе.

потем повеќе

Вид збор: Прилог
Во набројување - понатаму, после.
Примери:
Прво пристигна момчето, потоа девојката, па другарите.

потоа повеќе

Вид збор: Прилог
Во набројување - понатаму.
Примери:
Внатре прво влезе братот, потоа постарата сестра, а најпосле најмалата.