понатаму
Вид збор: Прилог
Ранг: 548
1.
Компаратив од натаму со просторно значење - во определен правец, понапред, подалеку.
Примери:
Малку понатаму здогледа силна тврдина.
Кога виде дека продолжи понатаму, знаеше дека нема да може да го стигне.
2.
Компаратив од натаму со временско значење - подоцна, во иднина.
Примери:
Сојузот е со намера оваа соработка да продолжи и понатаму.
3.
веќе, повеќе
Примери:
Јас вака понатаму не можам.
И како да е сѐ в ред - ништо понатаму не испитуваа.
Слично со:
веќе (прил.)
4.
уште
Примери:
Нема смисла понатаму да го чекаме.
Лежејќи и понатаму, скинав гранче и го оголив.
Слично со:
уште (прил.)