gallery - онтологија

галерија повеќе

мн. галерии
Вид збор: Именка, женски род
Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела.
Албански: galeri
Употреба: Архитектура и градба , Ликовна уметност
Примери:
Вечер во галеријата ќе се отвора изложба.
Дел од сала во театар издигнат од приземјето, наменет за публиката.
Албански: galeri
Употреба: Сцена
Примери:
Седеше во третата галерија.
Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, палати, рудници или во воени утврдувања.
Албански: galeri
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Низ дворецот поминуваа низ долга галерија.
Низа од ликови или од типови ликови во некое книжевно дело, книжевен опус или во животот.
Албански: galeri
Употреба: Литература , Преносно значење
Примери:
Опишувајќи го пеколот, Данте покажува цела галерија живи луѓе со различни страсти.