а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

галерија

мн. галерии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4301
1. Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела.
Англиски: gallery Албански: galeri
Употреба: Архитектура и градба , Ликовна уметност
Примери:
Вечер во галеријата ќе се отвора изложба.
2. Збирка од уметнички дела.
Англиски: collection Албански: galeri, koleksion
Употреба: Уметност
Примери:
Дома имаше галерија слики во масло.
3. Дел од сала во театар издигнат од приземјето, наменет за публиката.
Англиски: gallery Албански: galeri
Употреба: Сцена
Примери:
Седеше во третата галерија.
4. Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, палати, рудници или во воени утврдувања.
Англиски: gallery Албански: galeri
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Низ дворецот поминуваа низ долга галерија.
5. Низа од ликови или од типови ликови во некое книжевно дело, книжевен опус или во животот.
Англиски: gallery Албански: galeri
Употреба: Литература , Преносно значење
Примери:
Опишувајќи го пеколот, Данте покажува цела галерија живи луѓе со различни страсти.
Изведенки
галериски прид.
галерискиот
Пример: галериски дел