gibe - онтологија

бреца повеќе

брецаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пецка, навредува, префрлува нешто некому.
Албански: ngacmon
Примери:
Постојано го брецаше

брецне повеќе

(се) брецнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пецне, навреди некого, префрли нешто некому.
Албански: ngacmon, pickon
Примери:
Тој сака да брецне.
(се брецне) Се обрати со навреда некому.
Албански: ngacmon, pickon, ofendon
Примери:
Тој се брецна со потсмев.

буцка повеќе

буцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бреца, поттикнува на расправија, се потсмева некому.
Албански: shpoti, tallje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој само буцка на секоја семејна средба.

каса повеќе

касаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зајадува, навредува, боцка некого со зборови.
Албански: kafshoj, therrë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Варди се од тој човек, сум чул дека каса.

пецка повеќе

пецкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
боцка
Употреба: Разговорно
Примери:
Ме пецка нешто во окото.