girdle - онтологија

запаше повеќе

запашат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе, стави нешто околу половината.
Албански: lidhë
Примери:
Таа си го запаша скутникот и се фати за работа.
(се запаше) Се врзе, си стави нешто себеси околу половината.
Албански: lidhë
Примери:
Таа се запаша со срмен појас.

опаше повеќе

опашат
Вид збор: Глагол, свршен
Обвие појас околу половината.
Албански: mbështjell
Примери:
На крајот го опаша аловиот појас околу половината.
Заврзе нешто околу половината, околу појасот.
Албански: mbështjell
Примери:
Таа опаша нова фута и облече ново гунче.
(се опаше) Стави на себе појас.
Албански: mbështjell
Примери:
Татко му се опаша четирипати со појасот.
(се опаше) Се обвие со нешто околу половината.
Албански: mbështjell
Примери:
Се опаша со јажето.